Турската актерка Гокче Бахадир која македонската јавност ја знае од најпопуларната серија “Кога лисјата паѓаат“, во 2011 година се венчала со актерот Али Сунал, но бракот траел само неколку дена затоа што сопругот наводно ја фатил со својот славен татко во кревет.
Како што пренесоа турските медиуми, актерот ја фатил во љубовен клинч со свекорот Кемал, еден од најславните актери во Турција, само неколку дека после венчавката.
“Покојниот Кемал беше голем заводник. Тие се впуштија во афера само неколку дена откако и стана свекор на Гокче. Меѓу нив подолго време постоеше фатална привлеччност, а не ја спречи ниту фактот што тој беше постар од неа 30 години“, открива изворот близок до актерката.
Се шпекулирало дека ги фатил самиот Али кој си дошол од пат два дена порано. Прво го видел автомобилот на татко му во својот двор, а потоа ги затекнал двајцата голи во дневната соба.
“Влеговме во брак од голема љубов, но одлучивме да се разделиме затоа што патиштата ни се разидуваа“, рече тогаш убавата актерка.
Актерот Али Сунал од 2018 година е во среќен брак со Назли Курбанзаде.
извор: Mondo.rs
фото: Imdb.com