Поради новите рестриктивни мерки и зголемување на времетраењето на полицискиот час, Јавното сообраќајно претпријатие воведува нов возен ред на автобуските линии.
Од денеска 6 -ти до 20 -ти април, јавниот ревоз ќе сообраќа до 20 часот, а билетарниците и центрите за персонализација ќе работат до 18.30 часот.
Режимот на јавниот превоз е согласно последната одлука на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот, почнувајќи од денеска, информираат од ЈСП.
Од ЈСП потсетуваат дека и натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела, времено укинати се и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи ниту Жичарницата.
Деталниот распоред на автобуските линии може да ги најдете на веб страницата на ЈСП.