Управните служби во МВР втора смена ќе работат до 19 часот – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/21 2:59 PM

Управните служби во МВР втора смена ќе работат до 19 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите управни служби на територија на државата кои работат втора смена ќе работат до 19:00 часот.

Како што соопшти денеска МВР, ова е поради одлуката на Владата за забрана за движење на населението во периодот од 20:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Сите граѓани, на кои термините за аплицирање за лични документи им се закажани во периодот од 18:30 до 19:45 часот, ќе можат да ги искористат во текот на целиот работен ден, до 18:30 часот. Притоа потребно е да се почитува датумот на закажаниот термин.