Колона од возила на Итната медицинска помош со вклучени сирени, придружени од противпожарни возила на ТППЕ поминаа низ центарот на Прилеп, одавајќи му последен поздрав и почит на прерано починатиот Гоце Илиески. Гоце почина во саботата, по речиси едномесечна битка со ковид – 19.
42-годишниот возач на амбулантно возило, кој се зарази со корона вирусот на раобтно место, не успеа да ја добие најважната битка – за живот. По влошување на здравствената сосојба, Гоце беше пренесен на лекување во приватна болница, по што се покрена хуманитарна помош за обезбедување средства за лекувањето.
Гоце Илиески беше сопруг и татко на две деца.
видео: Радио Пела