Продолжи судскиот процес за израелскиот премиер Нетанјаху – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/21 10:05 AM

Продолжи судскиот процес за израелскиот премиер Нетанјаху

Третото рочиште за судењето на Бенјамин Нетанјаху, кој влезе во историјата како прв премиер на кој му се суди додека е на должност во Израел, се одржа во Ерусалимскиот регионален суд на Израел, во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), јавува Агенција Анадолија (АА).

Пред започнувањето на судењето израелската полиција блокираше голем број патишта околу Судот, додека група приврзаници на Нетанјаху одржаа демонстрации во близина на Судот.

На рочиштето беа присутни Нетанјаху и неговите адвокати. Рочиштето привлече големо внимание кај израелските и меѓународните медиуми.

Исто така се наведува дека процесот на судењето на Нетанјаху, кој подолго време е премиер на Израел, ќе трае долго.

На 21 ноември 2019 година, израелскиот државен обвинител Авичај Манделбит побара Нетанјаху да биде тужен за три одделни случаи на корупција.

Првото рочиште од судењето на Нетанјаху беше одржано на 24 мај 2020 година, а второто рочиште на 8 февруари 2021 година во Ерусалимскиот суд.