Приведени се четири жени и едно девојче поради сомнение дека планирале терористички напад во Франција – ММС
ММС

Објавено на: 04/4/21 6:01 PM

Приведени се четири жени и едно девојче поради сомнение дека планирале терористички напад во Франција

Полицијата на југот на Франција уапси четири жени и една девојка како дел од антитерористичката истрага и основано сомнение дека се подготвува терористички напад врз градот Монпелје.

Полицијата во регионот Херол синоќа ги потврди апсењата во градот Безиер и денес објави дека истрагата ја презеле француската разузнавачка служба ДГСИ и националното антитерористичко обвинителство, пренесува АП.

Според градоначалникот Безиер Ребер Менар, во фокусот на истрагата било апсењето на 18-годишна жена која живее во социјален стан во населба за имигранти која е субвенционирана од државата, поради основано сомнение дека таа планирал напад врз соседниот Монпелје.

Нејзината мајка и трите сестри биле уапсени со неа, од кои едната е малолетничка, а соседите потврдиле дека осомничениот се пофалил дека гледал видеа од Исламската држава, изјави градоначалникот Менар.

Преземено од: https://www.blic.rs/