Се бореше за сите ама за себе не се избори. Ова е само една од речениците во која се изразува сочуство за Гоце Илиески од Пролеп, возачот во Брза помош, кој со недели се бореше за живот во приватна болница во Скопје, а за кого јавноста донираше средства за помош. Гоце не ја доби битката со Ковид-19, зад себе ја остави сопругата и двете дечиња, но и илјадници граѓани кои 12 години ги превезуваше во болниците, работејки во болницата во Прилеп. .
ММС на двапати апелираше за помош на 42 годишниот прилепчанец, кому му Ковид-19 ја зема и мајка му и други роднини. Неговото семејство немаше да даде 2.250 евра дневно болничко лекување, кое го бараа во приватната болница. Негови блиски роднини раскажувајќи за траорот низ кој поминува ова семејство, рекоа дека додека Гоце бил во болница, починала неговата мајка, а тој не бил свесен за тоа.
-Се молиме се да биде во ред и се надеваме на подадената рака на хуманите луѓе, велеа негови блиски.
Но, и покрај подадената рака на многу хумани граѓани, сепак, срамот ќе остане за еден, како што велат прилепчани, нечовек, кој ја украде кутијата со донации, поставена во центарот на градот.