Пред хемо или седум дена по хемотерапија онколошките пациенти треба да се вакцинираат – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/21 8:18 PM

Пред хемо или седум дена по хемотерапија онколошките пациенти треба да се вакцинираат

На денешниот брифинг со новинарите во организација на Лекарската комора директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски објасни какви се препораките за онколошките пацинти, односно дали кога треба да се вакцинираатакви. Тој смета дека  онколошките пациенти се едни од најповиканите за вакцинација.

„Пациенти со карцином треба да се вакцинираат, апсолутно за нив вакцината е најповикана и тие треба да се спасат од тешка болест,  не треба да ризикуваат. Техничкиот проблем со вакцинирањето е во смисла ако вакцината се даде непосрендо по хемотерапијата (ден-два). Може да се очекува имуниот одговор да биде послаб и ефикасноста на вакцината да биде малку нарушена. Затоа доколку е изводливо, најдобро е вакцинацијата да се направи пред  хемотерапијата. Има и доста студии кои покажуваат дека дадена два дена после хемо, вакцината има послаб ефект, но и такви кои покажуваат дека ефектот не е послаб и дека вакцините функционираат. Има консензус дека ако нема можност да се одложи хемото, недела дена по хемотерапијата може да биде безбедна временска рамка. Значи или пред хемо или 7 дена по примањето да биде вакцинацијата“, објасни Петличковски.