„Најк“ доби спор против производителите на „сатански патики“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/21 11:39 AM

 „Најк“ доби спор против производителите на „сатански патики“

Компанијата Најк добила спор против уметничкиот колектив „MSCHF“ кои ги произведоа „Сатанските патики“.

Најк против уметничкиот колектив поднеле тужба за кршење на правото на трговската марка со намера да ја запре продажбата и создавање забуна и измама помеѓу двете страни.

Адвокатите на MSCHF рекле дека не се работи за типични патики туку за уметничко дело, но судот застанал на страната на Најк, пренесува Би-Би-Си.

Спорните патики се базирани на Најк Air Max 97 моделот, но содржат крст свртен наопаку, пентаграм, капка крв и натпис „Лука 10:18“ – пасус од Библијата на кој пишува „Видов како Сатаната паѓа од небото како молња“.

Произведени се 666 патики, а одредена им е цена од 1.018 долари, а дизајнирани се во соработка со раперот Лил Нас Х.

Извор: Б92.нет