Загинаа најмалку 36 луѓе во железничка несреќа на Тајван – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/21 9:54 AM

Загинаа најмалку 36 луѓе во железничка несреќа на Тајван

Во најголемата железничка несреќа во последните четири децении на Тајван загинаа 36 луѓе, а најмалку 70 се заробени во вагоните откако возот излетал од шините во тунелот и потоа се забил во камион.

Во несреќата се повредени најмалку 40 лица. Возот кој патувал од Тајпеј во Тајтунг и превезувал многу туристи поради продолжениот викенд, излетал северн од Хуалијен во источниот дел од Тајван, соопшти тамошната пожарникарска служба и додаде дека возот бил полн и превезувал околу 350 луѓе.

Пожарникарите соопштија дека од првите четири вагони се евакуирани помеѓу 80 и 100 луѓе, додека останатите четири вагони се деформирале и било тешко да се пристапи до нив.

Државната новинска агенција соопшти дека се сомнева дека камионот кој не бил праил паркиран го спречил патот на возот.

„Нашиот воз се заби во камион“, рече еден маж во видео емитувано на тајванска телевизија.

Железничката управа соопшти дека предниот дел на возот се наоѓал надвор од тунелот, а луѓето во вагоните кои се се уште во тунелот се однесени на сигурно.

Несреќата се случи на почетокот на продолжениот викенд, за нив традиционално познат како Ден за чистење на гробниците.

 

извор и фото: 24sata.hr