Откако Универзитетскиот клинички центар во Република Српска на еден примерок откри присутност на два соја на коронавирусот, специјалистот по микробиологија и паразитологија Вишна Мрѓен изјави дека тоа е теоретски можно.
На примерокот е откриен примарниот „вухански сој“, но откриена е и мутацијата која се наоѓа во британскиот и јужноафриканскиот сој. Мрѓен вели дека понатамошната дијагностика ќе продолжи со секвенционирање на вирусот, а тоа ќе биде спроведено од Институтот за јавно здравство на Република Српска.
Теоретки е можно кај еден пациент да откриеме присуство на два соја на коронавирусот. Целосната дијагностика сепак се заокружува со секвенционирање и на тоа ќе работат колегите од Институтот – наведува Мрѓен.
Таа истакна дека во периодот од 15 до 31-ви март во Клиничкиот центар се издвоени 96 позитивни примероци кои ќе бидат тестирани на мутантскиот сој на коронавирусот и дека е во тек анализата на овие примероци.
Извор: srbijadanas.com