Несудениот европски ракометен првак Веспрем, предводен од некогашниот тренер на Вардар, Дејвис Камара, убедливо го порази македонскиот претставник во 1/8 финалето од Лигата на шампионите со 27:41 и практично си резервираше билет за четвртфиналето од најдоброто клупско натпреварување.
Унгарскиот шампион уште во воведните минути даде до знаење дека во Скопје е дојден да победи, испраќајќи порака до остатокот од европската елите дека „оваа е годината кога Веспрем конечно ќе се искачи на тронот на Европа“.
Отсуството на публика поради добропознатите околности, честите прекини на ракометната сезона и неможноста за воигрување и фаќаме ритам на релативно новиот тим на Стевчо Алушовски, но и изразениот квалитет на опонентот, претставуваа причина за неочекувано високиот пораз во првиот двобој. Веспрем е фаворит против Вардар, но дали Веспрем е фаворит за 14 разлика уште во првото соочување во Скопје, тоа прашање останува да лебди во воздухот.
Веспрем на полувреме експлозивната игра ја валоризираше со 21:11, a како што одминуваше мечот, така и разликата за Унгарите растеше. На крајот, носени на крилјата на крилото Маргуч кој постигна шест поени, Веспрем ја заврши домашната задача и реванш мечот следната седмица ќе биде само формалност.
Манасков со четири, заедно со Маркусен и Мораеш му помогнаа на својот тим, а кај вардарци Иван Чупиќ со девет погодци беше најдобриот стрелец.
Фотo:
Facebook / RK Vardar 1961
д.ј