Пред дуелот од 1/4 финалето во Лигата на шампионите и во круцијалниот дел од сезоната 2020/21 за „кралскиот клуб“, непријатна вест пристигнува од Мадрид.
Капитенот на Реал Мадрид, Серхи Рамос, ќе отсуствува од терените еден месец поради поради мускулна повреда заработена на тренинг, пренесуваат шпанските медиуми. Дефанзивецот ќе ги пропушти двата дерби дуели со англискиот шампион Ливерпул, а со тоа шансите на тимот на Јурген Клоп значително се зголемуваат.
За Рамос ова не е прва повреда сезонава и на свое конто во сите конкуренции забележа само 20 настапи на клупско ниво. Во дваесетте појавување во белиот дрес, некогашниот фудбалер на Севиља постигна четири погодоци и еднаш успешно асистираше.
Фото:
football-espana.net