Исчезна авион на Нигериската авијација – ММС
ММС

Објавено на: 04/1/21 8:41 PM

Исчезна авион на Нигериската авијација

Исчезна авион на Нигериската авијација кој ги поддржуваше копнените трупи кои се борат со терористите на Боко Харам со североисточниот град Борно, изјави официјален претставник, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Губењето на радарскиот контакт се случи околу 5:08 часот изутрина на 31 март 2021 година“, рече Едвард Габквет, портпарол на Нигериската авијација.

Борбениот авион „Алфа“ беше дел од тековните операции за борба против бунтовниците во североисточниот регион, кој беше опустошен од постојаните напади на бунтовниците на Боко Харам.

„Деталите за остатоците од леталото или веројатната причина за губењето контакт сѐ уште се нејасни, но ќе бидат пренесени на пошироката јавност веднаш штом ќе се откријат“, рече Габквет.

Соопштението потврди дека напорите за пребарување и спасување се во тек.

Овој инцидент се случи еден месец откако се урна авион на Нигериската авијација на Аеродромот „Абуџа“ – убивајќи ги сите седум лица во авионот.