Полицијата во Србија денес по налог на Обвинителството за високотехнолошки криминал уапсила пет лица кои јавно изнесувале и пропагирале свои ставови против вакцинирање на граѓаните.Ова е само почеток на акцијата за приведување на антиваксери кои се сомничат за ширење на дезинформации во јавноста во врска со имунизациата на граѓаните , шират паника и на тој начин го загрозуваат вакцинирањето, како и ставањето на епидемијата под контрола и враќање во нормален живот.
Доколку обвинителството одлучи да покрене истрагаа против антиваксерите, тие би можело да се соочат со можност за ширење паника да завршат во затвор.
Меѓу приведените е и доктор Јована Стојковиќ, која е позната по антиваксерски ставови и ставови кои се во спротивност со официјалните препораки и мислења на експертите.
ПОкрај неа приведена е и Јелица Дабовиќ, најстарата сестра на некогашните кошаркарки Ана и Милица Дабовиќ.
Извор: Нова.рс