После скандалозниот концерт во Белград – мајката на Ејми Вајнхаус откри шоканти детали за смртта на пејачката – ММС
ММС

Објавено на: 04/1/21 2:23 PM

После скандалозниот концерт во Белград – мајката на Ејми Вајнхаус откри шоканти детали за смртта на пејачката

Пејачката Ејми Вајнхаус трагично го загуби животот во 2011 година после труење со алкохол, а нејзината мајка Џенис одлучила после една деценија од смртта на ќерка си да ја раскаже целата приказна за неа во документарец „Amy Winehous: 10 Years On“.

Мајката на британската ѕвезда смета дека светот не ја запозна вистинската Ејми, па поради тоа одлучила да открие детали од нејзиниот живот кои јавноста до сега не ги знаела. Џенис  во моментот на исповед за покојната ќерка има поддршка од останатите членови на семејството. Таа боледува од мултипла склероза и на некои спомени поради болеста не се сеќава најдобро.Тоа всушност била и најголемата мотивација на мајката на Ејми за снимање на документарецот за Би-Би-Си. Во филмот за големата ѕвезда, која почина на само 27 години, ќе бидат прикажани досега невидени семејни снимки.

Вајнхаус е дете на разведени родители, а после нејзината смрт основана е и фондација. Кога починала, нејзиното богатство од 5.3 милиони долари го наследиле нејзините родители, бидејќи тестамент не постоел. Ејми се развела од актеротБлејк Филдер Сиивил во 2009 година, па не добил ништо од наследството. Но, после осум години од смрта на пејачката, незадоволниот Блејк одлучил да бара свој дел во износ од 1.8 милиони долари. Тој рекол за странските медиуми дека има полно право на тоа, бидејќи неговата поранешна сопруга напишала некои од најголемите хитови додека биле заедно. Јавноста тоа барање го окарактеризирала како безчувствителен, што ги шокирале и нејзините родители. Во јавноста и понатака се споменуваат нивните конфликти додека уште биле во врска, а потоа и во брак. Вестите за нивниот однос често биле вознемирувачки, па со сигурност во филмот кој ќе се емитува за животот на Вајнхаус, ќе го има и Блејк.

-Секогаш ќе се чувствувам виновен, но не сакам веќе да бидам една личност која е виновна. Ејми не работела ништо што Ејми не сакала да работи. Требаше да имам поинаков пристап на сето ова, изјавил актерот во „Good Morning Britain“ пред неколку години, каде што малку подетално го објаснил односот со пејачката.

-Ејми и јас бевме заедно шест, седум години, но не во континуитет. Нашатаврска беше турбулентна. Имавме една сериозна разделба кои ја пишуваа и медиумите, но се смиривме и тогаш. Со години ме прозиваат поради дрога, но вистината е дека ние двајца се дрогиравме шест месеци во текот на нашиот брак и тоа е тоа. Пред тоа Ејми не се дрогираше, само пушеше марихуана. Јас зедов хероин само четири до пет пати, рекол актерот.

Последниот концерт кој пејачката го одржала пред нејзината смрт, бил во Белград на 18. Јуни 2011 година, со кој ја започала европската турнеја. Медиумите тогаш нејзиниот настап го опишале како скандалозен, бидејќи ги заборавила зборовите на своите песни, едвај стоела на сцената во алкохолизирана состојба. Четири дена подоцна е објавено дека сите концерти во иднина се откажани, бидејќи Ејми земала пауза „додека не се среди“. Јавно се појавила за последен пат на 20. Јули 2011 година во Лондон, кога ја отпеала песната со кумот Дион Бромфилд, а два дена подоцна починала во својот дом.

Извор: Ало.рс

Фото: Shutterstock