Цунами од ковид му се случува на источниот регион -од денеска се става во функција модуларната болница во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 04/1/21 12:59 PM

Цунами од ковид му се случува на источниот регион -од денеска се става во функција модуларната болница во Штип

На самиот влез соба за прием, па дел за интензивна нега дел од низата по долгиот ходник на монтажната болница целосно опремени, креветите подготвени и со поставен централен довод на кислород . Монтажната болница поставена на самиот крај од комлексот на Клиничката болница во Штип, веќе денеска ќе ги прими првите пациенти со потешки симптоми на ковод. Голем е притисокот на болни од целиот источен регион, а само денеска има 75 лежечки пацинети со ковид на четири одделенија во Клиничката болница во Штип. Секој ден по дваесет пацинети доаѓаат во дневната болницата и повеќе десетици на прегледи. Како што сподели од секојднавната пракса началничката на Инфективното одделение, Дијана Шишкова, пацинетите се се’ помлади, доаѓаат со потешка клиничка слика, зависни се од кислород, имаат развиени тешки брохопневмонии и ниска сатурација на крв.
-Вистински е страшна сликата. Најголем број на пацинети се зависни од високи дози на кислород, а возрасната граница се намалува. Еве, сега имаме пациенти на 23,27 на 33 години, кои имаат зависност од кислород, изјави д-р Шишкова.

Она што е карактеристика за овој нов бран на ковид е што пацинетите имаат повеќедневни високи температури и другите изразени симптоми на ковид. Но, и покрај тоа, пацинетите доаѓаат доцна во болница да побараат помош, кога веќе имаат проблем со дишењето.
-Имаат многу високи температури што траат по 10-13 дена, што значи дека болеста е активна, имаат изразена сува кашлица и доаѓаат доцна во болница. Компарираат со нивните блиски што се дома, дека се добри, лесни, а не сфаќаат дека тие што се потешко треба да се јават во болница. Доаѓаат со сатурација под 50, 60, 70… нема зборови да се опише во каква тешка состојба доаѓаат и колку некои луѓе чекаат дома да им се подобри ситуацијата. Осеќаат замор при одење до тоалет, имаат високи температури, имаат глад за воздух, немаат апетит, а седат дома и чекаат да им помине болеста, вели д-р Шишкова.

„Гладот за воздух“ на новите пацинети кои доаѓаат во болницата се манифестира и по дневната потрошувачка на кислород. Во новата болница, централниот довод на кислород ќе ја олесни работата на медицинскиот персонал, кој во Инфективното одделение секојдневно по два пати пренесува метални боци со кислород.
-Упатувам апел до граѓаните, сериозно да се сфати овој брај, ова е цунами. Да имате претстава, ако порано се трошеше по 400 литри дневно, сега се троши по 800 литри, што значи дека има голема потреба од кислород, од пацинети со многу потешка клиничка слика. Граѓаните да ги почитуваат мерките, со цел да го намалиме бројот на заболени, изјави Ален Ѓеоргиејев, директор на Клиничката болница.

Новата модуларна болница има 47 кревети и ќе го олисни притисокот за прием на нови пацинети. Во штипската Клиничка болница најтешките случаи се на Одделот за анестезија и реанимација, има на Кардиологија, на Кожното одделение и секако Инфективното одделние целосно исполнето со ковид пациенти. 80 од 400 кревети во болницата се намеменети за ковид пацинети, а 20 отсто од персоналот е ангажиран на лекување на ковид.