(Фото Галерија) Во Поликлиника Букурешт се вакцинираа лицата постари од 77 години – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/21 3:05 PM

(Фото Галерија) Во Поликлиника Букурешт се вакцинираа лицата постари од 77 години

Со вакцинирање на лицата над 77 години во дел од скопските поликлиники и во уште неколку други градови започна имунизацијата против Ковид-19 со вакцината на АстраЗенека.

Вакцинирањето се одвивапше во поликлиниките во Скопје „Јане Сандански“, „Букурешт“ и „Чаир“ како и во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Штип, Гостивар, Велес, Куманово, Битола, Кавадарци и Струмица.

Пријавувањето оди преку матичните леакри кои треба да закажат термини и да ги информираат граѓаните.

Објективот на нашиот фоторепортер ги долови моментите од првиот ден на имунизација во поликлиниката „Букурешт“ во која се однесени 3.800 вакцини.

 

Фото: Вангел Тануровски