Пијалак за долговечност на кралицата Елизабета од само две состојки – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/21 3:04 PM

Пијалак за долговечност на кралицата Елизабета од само две состојки

Со години се пишува дека тајната за долговечноста на англиската кралица е всушност во еден пијалак. Кралицата Елизабета на 21 април ќе го прослави 95. роденден, а и понатаму е навистина витална. Според зборовите на експертите, ваквата виталност е резултат на едноставен коктел кој го пие веќе со години.

Уште порано е познато дека џинот и е еден од омилените алкохолни пијалаци, а коктелот, за кој велат дека секојдневно го конзумира, наводно се прави со џин. Се работи за комбинација од џин и благо ароматично вино, а точната количина за правење на овој коктел, пишува магазинот „People“ ја открил Паул Вхјбрев, кој на кралицата секојдневно и го подготвува.

-За една чаша коктел потребно е 50 мл вино и 25 мл џин. Во шејкер за коктел се додава алкохолот и неколку коцки мраз, а потоа добро се меша додека течноста не се соедини. За крај, во чаша за мартини, во која овој пијалак се служи, се додава парче лимон, а пијалакот се служи ладен, објаснил Паул.

Извор: 24седам.рс