Првите 500 дози пристигнаа во Гостивар, вакцинирање од петок – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/21 4:35 PM

Првите 500 дози пристигнаа во Гостивар, вакцинирање од петок

Првите петстотини дози од вакцините против КОВИД 19 денес се доставени во Здравствен дом Гостивар. Тие пристигнаа попладнево од Скопје и се чуваат во соодветни фрижидери кои ја одржуваат препорачаната температура.

Според директорот оваа здравствена установа Јамин Синани, имунизацијата на населението ќе започне најдоцна до петок оваа недела. Тој рече дека досега има околу 6.000 граѓани од гостиварскиот регион кои се пријавиле по електронски пат или матичните лекари. Вакцинирањето ќе започне со лица на возраст над 75 години.

За спроведување на процесот за вакцинирање, Здравствениот дом обезбеди и засебна просторија и обучени тимови.

– Имаме тимови и тие се подготвени да дадат вакцини. Сите заинтересирани за вакцинација треба да се обратат кај матичните лекари кои ќе ги информираат за точниот термин и кога да се јават во вакциналниот пункт, вели докторката Дафина Богдановска од службата за вакцинација.

Вакцините кои денес се доставени во Гостивар се производ на Астра-Зенека од Оксфорд, Велика Британија и се дел од количината од 20 илјади дози што нашата земја стигна преку системот Ковакс.

 

 

 

 

 

з.г.м