Роналдо: Им се извинувам на сите мајки во светот за лошата фризура – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/21 2:53 PM

Роналдо: Им се извинувам на сите мајки во светот за лошата фризура

Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо во разговор за Спортс Илустрејтед објасни зошто се одлучил на ужасната фризура во пресрет на Светското првенство во 2002 година и ја искористи можноста да им се извини на сите мајки чии синови се потстрижале како него.

Еден од најголемите фудбалери во историјата, Роналдо Луис Назарио де Лима или познат како Роналдо (44) во пред полуфиналниот дуел со Турција на СП 2002 ја избричи главата освел мал триаголен дел на предниот дел над челото. Со фризурата го шокираше светот и беше главна тема во медиумите.

Тогаш Роналдо мака мачел со повредата на мускулот и тоа било причина што направил таков потег. Целта му била да го сврти вниманието на бразилските новинари.

– Не сакав главна тема да биде мојата повреда и затоа се потстрижав. Ги прашав соиграчите како им се допаѓа фризурата, а тие ми рекоа дека ми е ужасна и да се потстрижам до крај. Но, успеав, се зборуваше само за неа – рече Роналдо и додаде: Жал ми е, им се извинувам на сите мајки чии синови така се потстрижаа поради мене.

Во полуфиналето против Турција Роналдо даде гол за победа на Бразил, а во финалето против Германија постигна два гола и му осигура на својот тим петта титула светски првак.

извор: 24sata.hr

фото: Twitter