Според податоците од Евростат, 13,5 милиони луѓе живееле во една од земјите членки на ЕУ, а имале државјанство на друга држава, што претставува три проценти од вкупното население во Унијата.
Најголем дел од граѓаните кои не се државјани на ЕУ живеат во Луксембург (47 отсто од вкупната популација), а најмалку во Полска и Романија (помалку од еден процент). Голем процент од населението (10 проценти или повеќе) исто така се забележува на Малта, Кипар, во Естонија, Летонија, Ирска, Германија, Белгија и Шпанија.
Во повеќето држави членки на ЕУ најголемиот процент од граѓаните кои не потекнуваат од тие држави, го сочинуваат државјани на земји кои не се членки на Унијата. Само во Белгија, Ирска, Луксембург, Австрија и Словачка потеклото на странските државјани генелно е од некоја друга држава членка на ЕУ.
Извор: danas.rs