(ВИДЕО) Старата љубов не се заборава: Норман Пауел заборави за кој тим настапува – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/21 10:43 PM

(ВИДЕО) Старата љубов не се заборава: Норман Пауел заборави за кој тим настапува

Во последните часови од „трејд-денот“ во НБА лигата, еден од повозбудливите изминатите години, освојувачот на НБА прстен со екипата на Торонто Репторс, Норман Пауел, ја напушти Канада и стави потпис со Портланд Блејзерс. Гери Трент Џуниор и Родни Худ отидоа во спротивна насока.

Но, за среќа или за несреќа, дебито на Норман Пауел во дресот на Портланд беше против неговиот претходен клуб. Веднаш по судиското уфрлање на топката на центарот на теренот, Пауел ја погреши страната и тргна кон „старата љубов“. На лицата на доскорашните соиграчи инстантно се појави насмевка, а американскиот бек-шутер брзо сфати дека ќе биде главна вест во следните 24 часа во кошаркарската јавност.

 

Некои навики не исчезнуваат, а за некои, очигледно, ќе треба да помине одредено време.

 

 

 

 

Фото:

raptorshq.com

д.ј