Нова, досега непозната варијанта на коронавирусот е откриена во Чешка, јавија тамошните медиуми.
Новата мутација ја откриле експертите од специјализираната лабораторија Елијабет Фармакон од Брно, а според нивните проценки, мутацијата не изгледа поопасна од британскиот или јужноафриканскиот сој, пренесува Тас.
Епидемиолошката ситуација во Чешка е меѓу најтешките во Европската унија затоа што во земја која брои 10,7 милиони жители досега се регистрирани повеќе од 1,5 милиони случаи на коронавирус, а починаа речиси 26.000 лица.
Истиот ден кога беше објавен веста за новиот сој на Ковид-19, Чешка ја погоди уште една трагедија. Милијардерот Петр Кенлер загинал во страшна хеликоптерска несреќа.
извор: Mondo.rs