Непознат напаѓач ја исекол со нож по лицето продавачката во бутик во Њујорк. Вознемирувачкото видео прикажиува како мажот лежерно влегува во малиот бутик, а потоа преку пултот ја напаѓа продавачката која била сама на работа и ја расекол по лицето, отсекувајќи и го врвот од носот.
Напаѓачот носел препознатливи црни Адидас тренерки со виолетови и портокалови линии на рацете – фатен е на безбедносните камери кои ги споделила њујоршката полиција додека лежерно се шетал према Вашингтон Хајест нешто околу 15:49 часот во петокот.
View this post on Instagram
Застанал и погледнал низ излогот на продавницата, па влегол и опуштено разговарал со продавачката, која не го познавала, соопштиле од полицијата. На почетокот рацете ги држел во џеб, а потоа за неколку секунди изненадно ја нападнал преку пултот – сечејќи ја 22-годишната девојка по лицето, што јасно прикажува снимката.
View this post on Instagram
-Ме праша дали знам кој е тој, реков дека не знам, рекла продавачката за WPIX11.
-Тогаш ме расече и истрча. Цел врв од носот ми беше потполно издвоен, рекла таа.
View this post on Instagram
Извор: Србијаданас.рс