Штип: За десет дена 304 новозаболени со Ковид 19, во моментов 571 активни случаи – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/21 1:52 PM

Штип: За десет дена 304 новозаболени со Ковид 19, во моментов 571 активни случаи

За десет дена во Штип, заклучно со вчерашниот ден регистрирани се дури 304 новозаболени од Ковид 19. Дневните бројки почнаа да се намалуваа, но се уште се двоцифрени.

Директорката на ЦЈЗ Штип, Марија Димитрова,  вели дека во периодот од 22 до 28 март дури 54% од вкупниот број на тестирани биле позитивни. Во моментов во Штип има 571 активени случаи на заболени од Ковид 19.

„Постојано расте бројот на новозаболени, ако минатата недела имавме 54% новозаболени од вкупниот број на тестирани, претходната недела беа 46 % позитивни. И понатаму останува проблемот со криење на контактите, така што реална е  тие свесно или несвесно  да го шират вирусот,“ додава Димитрова.

Зголемен е и бројот на хоспитализирани.

Во моментов според информациите од штипската Клиничка Болница, заклучно со вчерашниот ден хоспитализирани се вкупно 62 лица. Од нив на кислородна поддршка се 40 пациенти заболени со короновирусот. Исполнето е Инфективното одделение речиси и Кожното одделение. Има слободни пет кревети. Вчера починале две лица.

Од тука информираат дека привршуваат работите во Модуларната болница и најверојатно истата ќе биде ставена во функција до крајот на оваа недела.

Во врска со почетокот на масовната вакцинација за која што Министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе започне од среда, деталите како таа ќе се одвива во Штип, попрецизно ќе се знаат утре.

„Вакцинацијата ќе се одвива во Штип. Сепак станува збор за возрасна популација,“ вели директората на ЦЈЗ, Марија Димитрова.