Има 4 бајпаса,но срцето не е проблем – Македонец падна во кома по вакцинацијата во Ниш – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/21 1:25 PM

Има 4 бајпаса,но срцето не е проблем – Македонец падна во кома по вакцинацијата во Ниш

73-годишен маж од Македонија, на кого му се слошило вчера по вакцинирањето, е во кома, потврдува директорот на Универзитетскиот клинички центар, Зоран Перишиќ, кој вели дека засега ја исклучиле срцевата причина, што мора да се прави и други анализи.

Според информациите на докторите 73-годишниот маж се уште е во кома.

-Ние во ниту еден момент не го видовме во поинаква состојба во просториите на Клиничкиот центар. Ништо не се менува, нема значителни промени во споредба со вчерашниот ден – рече Перишиќ.

Исто така додава дека не е позната причината зошто пациентот по вакцинацијата паднал во кома, но и откри дека се исклучени срцевите болести.

-Имајќи предвид дека пациентот имал операција со 4 бајпаси, направена е коронарна ангиографија и се снимени бајпасите, нема знаци на срцев удар, ништо не се случило околу срцето, го исклучивме тоа – рече Перишиќ.

Тој додаде дека, во зависност од состојбата на 73-годишникот, ќе се обидат да направат и друга дијагностика.

Вакцинацијата во Србија за Македонците започна во сабота во пред спортската сала „Чаир“ каде било голема гужва бидејќи имало Македонци кои немале закажан термин.

Извор и фото : Јужне вести.рс