Д-р Докиќ: Искуството со ивермектин во секоја земја е различно, има студии каде што немало адекватен ефект – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/21 1:02 PM

Д-р Докиќ: Искуството со ивермектин во секоја земја е различно, има студии каде што немало адекватен ефект

Искуството со лекот ивермектин во секоја земја е различно, рече на денешната прес-конференција проф. д-р Дејан Докиќ.

Тој вели дека во изјавата на EMA – European Medicines Agency се вели дека тие се уште не го регистрирале овој лек, бидејќи немаат доволно докази дали делува.

– Имаат студии каде што тој имал позитивен ефект, но имаат студии и каде што немало адекватен ефект. Секаде имало некаков ефект. Во истатата таа изјава на ЕМА, Чешка како западно-европска земја членка на ЕУ и Словачка го регистрирале ивермектинот како лек против Ковид-19. Искуството на секоја земја е различно, рече Докиќ.

МИА