Продолжува самопоишувањето на македонските државјани што живеат во странство- 11101 нови попишани за еден ден
Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171 620 државјани на РСМ кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес, на 1 март, до денес, информираат од Државниот завод за статистика.
Само во последното деноноќие се попишани 11 101 лице.
На врвот на листата и натаму е Швајцарија со 56.146 македонски државјани кои ги впишале своите податоци за пописот, потоа следува Германија со 39.167 лица и Италија со 27.402 македонски државјани.
Во САД има зголемен број на попишани лица, но бројката е далеку од реалната, само 7.081 лице а во Австралија со само 2.099 попишани лица интересот е и натаму незначителен исто како и во Канада каде се попишале само 1.541 лице.
Во Австрија се попишале 10.030 лица, во Обединето Кралство – 2.342, во Турција – 1.624, Франција – 1.552, Чешка – 839…
Од поранешните југословенски простори најмногу македонски државјани се самопопишале во Словенија – 3.263 и во Хрватска – 1.259, потоа следува Косово со 960 лица, Србија – 644, Босна и Херцеговина – 519 и Црна Гора со 155 самопопишани лица.
Македонски државјани има и во Џибути од каде се самопопишале тројца македонски државјани, во Тувалу 4, во Свалбард и Јан Мајен 4, во Северни Маријански Острови 11 итн.
В.Кр