Тој е еден од најмистериозните луѓе во светот – како живеел чешкиот милијардер Петр Келнер – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/21 10:11 AM

Тој е еден од најмистериозните луѓе во светот – како живеел чешкиот милијардер Петр Келнер

Петр Келнер, милијадер од Чешка и еден од најбогатите луѓе во светот, настрадал во хеликоптерска несреќа.

Најбогатиот човек на Чешката Република, Петр Келнер (56) фасцинирал многу луѓе. Овој милијадер некое време живеел во Прага во голема вила, но како и многу богати луѓе, со семејството се селел по свето, барајќи најпогодно место за живот.

Како се збогатил, каде живеел, какво било неговото детство, и други детали од животот на Петр, кој настрадал во хеликоптерска несреќа на Алјаска.

Имот

Петр Келнер поседувал низа недвижности и имот низ целиот свет. Сите тие трансакции се објавени во тајност, па светот не бил запозанен за имотот на богатиот Чех.

За Петр велат дека е еден од оние луѓе кои во секој дел од земјата има по една инвестиција.

Авиони

Петр најмногу патувал со авион, па и самиот поседувал две летала. Приватните авиони кои ги имал Петр, направени се да имаат спална соба, туш кабина и место за шест патници. Не е познато дали Петр имал пилотска дозвла, но се знае дека во составот имал и пилот.

Работа

Се прашувате што работел Петр, па стекнал толкаво богатство? Во прашање е стакло. Една од неговите фабрики е и онаа која произведува стакло, а чешкото стакло се смета за едно од најквалитетните на пазарот.

Скромни почетоци

Петр не е роден во богатство, напротив. 90-тите години од минатиот век почнал да работи така шт дистрибутирал фотокопир машини и од тогаш започнало се. Бил водечка фигура во посткомунистичка Чешка, а неговото богатствоФорбс го процениле на 17,5 милијарди долари.

„ППФ група“ на Келнер е сопственик на компанијата „Теленор“ во Србија, која дава услуги за мобилна и фиксна телефонија, и Моби банка, пишува РТС.

Овој инвестициски фонд во 2018 година станал сопственик на сите „Теленор“ телекомуникациски компании во регионот на централна и источна Европа.

Во телекомуникацискиот бизнис „ППФ“ влегол во 2013 година, купувајќи го чешкиот и словачкиот „Телеком 02“ од шпанската „Телефонике“, која на пазарот влегла во 2005 година, односно 2006 година.

Деца

Петр има четири деца, иако е позната само Ана Келнерова, чешката натпреварвачка во категоријата млади јавачи. Била државен првак и јуниорски државен првак во Чешка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Kellnerová (@annakellnerova1)

Жени

Келнер се женел два пати. Неговата прва сопруга била Ива Келнер, но нема точен датум за свадбата или развод. Неговата моментална сопруга е Рената Келнер, а парот има четири деца.

Рената ја основала семејната фондација Келнер која пружа помош на Чешка. На пример, во текот на 2010 година, оваа фонација уплатила значајна сума на пари помагајќи ги загрозените семејства во Чешка после поплавите.

Приватност

За Келнер се зане многу малку. Тоа е човек кој внимателно ја чувал својата приватност и приватноста на своето семејство. Не давал интервјуа, не се фотографирал често, а неговото семејство често се селело и немале прилика да создадат пријателства, пишува moneyinc.com.

Извор: Стил.курир.рс