По јавната пцовка ќе се дисциплинира ли Несторовски? – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/21 8:20 AM

По јавната пцовка ќе се дисциплинира ли Несторовски?

Неспортскиот потег на фудбалерот Илија Несторовски ја засени убедливата победа на македонската фудбалска репрезентација над Лихтенштајн. Несторовски опцу пред камерата, а потоа се објаснуваше на социјалните мрежи.
– Навредата беше наменета за три личности кои три дена ми се закануваат и навредуваат мене и мојата фамилија. Тие добро знаат кои се, напиша Несторовски на социјалните мрежи.
Селекторот Игор Ангеловски на прес конеференцијата по мечот беше прашан да го коментира однесувањето на фудбалерот.
-Не го видов тој момент, не можам да коментирам, кога ќе го видам тогаш може да прокоментирам, одговори Ангеловски.
Несторовски не е единствениот проблем на Ангеловски. Заладените односи со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) требаше да се најдат на маса со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини. Ангеловски потврди дека состанокот бил закажан за изминатата сабота.
-Се јавив кај претседателот за да дојде да поразговараме за недоразбириањата и да ги надминеме. Се договоривме да се сретнеме во саботата, но, тој не дојде, иако вети дека ќе дојде. Време е да се обединиме и да одиме заедно кон ЕП. Еве и јавен повик за средба за да се надминат недоразбирањата“, кажа селекторот Ангеловски.
Од ФФМ објаснија дека Сејдини е позитивен на ковид – 19. Во петокот почувствувал симптоми, додека тестот следниот ден покажал дека е позитивен, поради што состанокот не се одржал.