Најбогатиот Чех, Петр Келнер, загина во хеликоптерска несреќа на Алјаска – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/21 8:22 AM

Најбогатиот Чех, Петр Келнер, загина во хеликоптерска несреќа на Алјаска

Пет лица, меѓу кои и најбогатиот човек во Чешка, Петр Келнер, загинаа кога нивниот хеликоптер се урна во близина на еден глечер во Алјаска, соопштија тлокалните  власти, пишува „Њујорк тајмс“.

Чешкиот милијардер Петр Келнер, чие што богадство според списанието „Форбс“ е проценето на 17,5 милијарди долари , се наоѓал во хеликоптерот „Ербас АС350 Б3“, кој се урна во близина на глечерот Кник, планинското одморалиште, од кое  бил изнајмен хеликоптерот.

Објавено е дека, 56-годишниот Келнер загина заедно со уште еден  гостин на планинското одморалиште Тордрило, исто така од Чешка, двајца водичи и пилот на хеликоптер.

Има еден прежиеан но тој бил  во сериозна, но стабилна состојба.Властите на Алјаска, информирале дека Националниот одбор за безбедност на сообраќајот ќе спроведе истрага за да утврди што е причината за несреќата.

Келнер беше основач и мнозински акционер на групата ППФ, која исто така е сопственик на Теленор во Србија.

„Њујорк Тајмс“ објави дека Келнер го направил своето прво богатство во 90-тите години на минатиот век, откако основал инвестициски фонд, кој го искористил за да купи управувачки удел во најголемата осигурителна компанија во земјата. Весникот додава дека купил голема европска радиодифузна мрежа, Централноевропски медиумски претпријатија, во октомври за 1,1 милијарди долари, што предизвика загриженост во Чешка дека мрежата може да ја изгуби својата независност.

Келнер беше оженет и имаше четири деца, се вели во страницата на неговата компанија.