Некои од нив едвај завршиле основно училиште – на овие пејачки образованието не им било приоритет – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/21 9:04 PM

Некои од нив едвај завршиле основно училиште – на овие пејачки образованието не им било приоритет

Некои пејачки со задоволство зборуваат колку бакшиш добивале на веселби, а кога е збор за образованието, молчат. Повеќето од нив рано тргнале на пат кон славата и образованието не им било приоритет, па така некои едвај завршиле основно училиште.

Северина Којиќ, хрватската поп ѕвезда, уште во младоста одлучила музиката да биде нејзина определба, па затоа се откажала од средното училиште во Сплит.

Ниту Злата Петровиќ и Весна Змијанац не се посветиле на образованието и останале само на основно.

-Не бев заинтересирана за диплома во младоста, тоа морам да признаам. Секако мојот живот имаше некој друг правец, па се посветив на пеењето. Денес можам да кажам дека не погрешив. Важно е човек како ја работи својата работа, а секако треба да се посвети во она што е добар, рекла Злата.

Александра Пријовиќ дотуркала до средно, но се откажала поради натпреварувањето во Ѕвездите на Гранд. Пријовиќ прво се обидела училиштето да го заврши вонредно, но кариерата и била пречка.

Далеку од основно не стигнала ниту Дара Бубамара, бидејќи таа го напуштила средното училиште и се посветила на музиката. Фолкерата се пофалила во медиумите дека завршила француски јазик на познатиот факултет во Сорбона, но се покажало дека тоа било само курс.

Од друга страна некои пејачки и пкрај музиката успеале да дипломираат. Со највисоко образование на српската естрада може да се пофали пејачката Неда Украден. Таа завршила два факултети, правен и филолошки.

-Родителите ми зборуваа дека да се биде пејачка и не е баш за пофалба. Татко ми инсистираше да се образувам и завршам студии. Сакав да ги убедам дека може и едното и другото, па и учев и се занимавав со пеење. Успеав да завршам два факултети и направам кариера која трае со децении, рекла пејачката.

Наследничката на Весна Змијанац, Николија Јовановиќ се образувала во Грција, а таму завршила студии по меѓународен бизнис.

-И реков на Николија дека прво мора да заврши факултет, а потоа може да се занимава со тоа сака, изјавила во една прилика Весна, но не сакала многу да коментира за тоа што и самата не се посветила на образованието.

Извор и фото: Курир.рс