Дали некогаш сте се запрашале колку трае совршениот секс? Зошто понекогаш можеме да постигнеме оргазам по само неколку кратки минути на блаженство, а другпат ни треба повеќе време? Па, истражувачите од Државниот универзитет во Пенсилванија утврдија идеално времетраење на сексуалниот однос. Тие користеле податоци од психолози, лекари, социјални работници и семејни советници за време на нивната работа. Покрај тоа, илјадници испитаници дадоа свои одговори на прашањето за времетраењето на сексот.
Се покажа дека времетраењето на сексуалниот однос треба да биде од 7 до 13 минути.
„Ако двојка води ловеубов до половина час, еден од партнерите може да доживее сексуално разочарување“, велат истражувачите.
Односите што траат неколку минути, според научниците, исто така не се добри.
Експертите сè повеќе проучуваат како сексот влијае на човекот и неговиот живот. На пример, неодамна научниците откриле дека сексуалниот однос игра важна улога во подобрувањето на меморијата. Според студија на британски научници, колку почесто мажот има секс, толку подобро функционира неговиот хипокампус, регионот на мозокот одговорен за меморирање на зборови.
Австралискиот психолог Марк Ален исто така верува дека водењето активен сексуален живот кај постарите лица може да одржува високо ниво на меморија.
Други научници откриле како сексот влијае на нашиот сон.
Извор: blitz.bg