Шерон Стоун ја напишала книгата на мемоари „The Beauty Of Living Twice“, во која тврди дека нејзината сестра Кели и неа сексуално ги злоставувал нивниот дедо, кога биле девојчиња, пишува „New York Times“.
Актерката рекла дека нејзината мајка Дороти не сакала таа и сестра и јавно да зборуваат за злоставувањето.
„Кели и јас зборувавме со мајка ми за тоа, а таа после разговорот напиша писмо во кое рекла дека е многу збунета. Била ужасната со тоа откритие. Сепак после разговорот со мојата ќерка, почнала да прифаќа дека сето тоа се случило“, рекла Шерон.
„Мајка ми пристапи да зборува отворено со мене откако и ги прочитав деловите од своите мемоари. Беше кај мене неколку дена кога се опоравував од грип, легла до мене во креветот, додека ја завршував книгата. После отворениот разговор, кој траеше час и половина, ги прекроив некои делови од книгата која потоа и ја посветив неа, рекла актерката.
Стоун рекла дека мемоарите одлучила да ги напише после мозочниот удар кој го доживеала.
„Пишувањето беше ослободување од искуството“, рекла таа.
Извор: Нова.рс