Иако претходната седмица германски „Билд“ веќе го пресели поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Ливерпул и Баерн Минхен во Борусија Менхенгладбах, како замена од следната сезона за тренерот Марко Розе, „ладен туш“ за Германците денес пристигна од Сан Себастијан.
✍#Zubieta | #AurreraReala pic.twitter.com/WjNckV5aZz
— Real Sociedad (@RealSociedadEN) March 26, 2021
Чаби Алонсо го продолжи договорот со вториот тим на Реал Сосиедад до 2022 година, што значи дека за кампањата 2021/22, црно-белите од Гладбах ќе мораат да пронајдат друго тренерско име кое ќе го пополни испразнетото место на Марко Розе, кој од јуни ќе ја преземе Борусија од Дортмунд.
Aлонсо на позицијата тренер на Реал Сосиедад Б пристигна во јули, 2019-та година.
Фото:
empireofthekop.com