Руската полиција вчера во Москва уапси четворица припадници на панк групата Пуси Рајот, набргу откако беа пуштени од 15 дневен притвор поради упадот на финалето на Светското фудбалско првенство.
Уапсени се Ника Никулшина, Олја Пантушева, Олја Курачева и Петја Верзилов, за кои групата, преку својот Твитер профил, објави дека се нејзини активисти.
Тие упаднаа на Лужники стадионот во Москва, за време на финалето меѓу Франција и Хрватска, по што побараа ослободување на политичките затвореници и право да организираат натамошни протести.
Четворицата добија 15 дена затвор и забрана да посетуваат спортски натпревари во следните три години. Не е се уште јасно која е причината за нивно ново притворање.
Извор:МИА