Викенд на вакцина – туризам во Србија – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/21 9:04 AM

Викенд на вакцина – туризам во Србија

Македонски државјани, кои се пријавиле за вакцинација во Србија, се повикани да се вакцинираат претстојниот викенд во Белград во комплексот на Белградско сајмиште. Ќе бидат вакцинирани со вакцината на АстраЗенека. Тоа се наши граѓани кои немаат српско државајнство, но сепак се регистрирале  на порталот e-uprava.gov.rs и добиле термин за вакцинација. Некои од нив споделуваат инфромација дека викендов ќе патуваат за Белград и бараат друштво да поделат трошок за патувањето со автомобил. Со оглед на тоа дека се работи за две дози на вакцини, тоа значи дека пријавените ќе треба да патуваат два пати за Белград.

Според некои од пријавените македонски државјани, за вакцина аплицирале уште во јануари, кога Србија ја отвори апликацијата за вакцинирањ. Термин добиле дури сега. Но, има и такви кои во рок од 24 часа добиле термин.

-Слушнав од пријатели во Скопје дека се пријавиле за вакцина во Србија. Се обидов малку подолу, Бујановац, Врање, но немаше одговор. Тогаш случајно го одбрав Белград и во рoк од 24 час добив одговор, изјави за Радио Слободна Европа, Мирослава Асанта, македонски државјанин.

Во претстојниот викенд е предвидено вакцинирање на бизнисмени од Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. За нив се обезбедени 10.000 вакцини.

Од Министерството за здравство на Србија на прашањето на српските новинари не одговориле по кој критериум се вакцинираат странските државјани.

 

фото:ФБ Београдско сајмиште