Македонија се напромаши во Букурешт и со пораз ги почна квалификациите за Светското првенство – ММС
ММС

Објавено на: 03/25/21 10:53 PM

Македонија се напромаши во Букурешт и со пораз ги почна квалификациите за Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Романија до 3:2 во првиот меч од квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Катар.

На стадионот во Букурешт на кој избраниците на Игор Ангеловски следниот јуни ќе одиграат два меча од Европското првенство, Романија ги искористи нашите промашувања и поведе со 2:0 преку Танасе и Михаила.

Вистинска драма се одвиваше во последните десет минут од мечот кога преку Аријан Адеми и Александар Трајковски во 83-та и 84-та минута се вративме во игра за победа за само 60 секунди. Но, Хаџи со гол во 86. минута повторно и донесе предност на Романија, доволна за конечни 3:2 и прв триумф во квалификациите.

Следен противник за Македонија е Лихтенштајн во недела, во второто коло од  квалификациите за Мундијалот.

фото: rezultati.com