Актерот Бранислав Лечиќ објави денес дека се повлекува од чело на движењето Демократска партија на Србија поради обвинувањата дека ја силувал актерката Даниела Штајнфелд.
„За да оваа моја борба за вистината не им наштети на сите со кои учествувам во борбата против овој злобен режим, се повлекувам од раководството на Демократската партија на Србија.
Ова е моја лична борба за одбрана на мојот интегритет, име и професионален углед, сите оние кои се искрени борци за нормална, слободна и демократска Србија “, објави Лечиќ на Фејсбук.
foto-PrtSc