Со месеци ja лекувале од туберкулоза, за потоа да откријат дека има кондом во белите дробови – ММС
ММС

Објавено на: 03/25/21 3:20 PM

Со месеци ja лекувале од туберкулоза, за потоа да откријат дека има кондом во белите дробови

Шест месеци траело лекувањето на една 27-годишна Индијка која се соочувала со интензивна кашлица, треска и густа слуз. Лекарите ја лекувале од туберулоза, но безуспешно. Морало да биде хоспитализирана.

Четири месеци пред хоспитализацијата и биле препишувани антибиотици а имала и третман против туберкулоза. Тоа воопшто не и ја подобрило состојбата, напишале лекарите во извештајот за случајот објавен во Националното медицинско списание.

Меѓутоа, кога и ги скенирале градите, откриле лезија на белите дробови. Во понатамошно испитување, било утврдено овде станува збор за „превртена структура слична на вреќичка која како седи на бронхот на пациентот“.

Лекарите ја отстраниле мистериозната „вреќичка“.

Иако поголемиот дел од него бил  уништен,  сепак можело да се препознае дека е кондом. Лекарите поставиле  уште неколку дополнителни прашања со цел да ја откријата суштината на проблемот.

– И мажот и жената признаа дека имале фелацио. Се потсетиле дека кондомот се олабавил за време на чинот и дека  во тоа време девојка доживела епизода на кивање и кашлање – изјавиле лекарите.

Лекарите веруваат дека жената ќе се опорави, иако мали делови од кондом останале во нејзините бели дробови по пукањето и многу е веројатно дека можеби ќе и треба понатамошна бронхоскопија. Тие додаваат дека нејзиниот случај можеби е единствен од ваков вид во медицинската литература, пишува IFLScience.

24sata.hr