Во Сараево денеска стигнуваат првите вакцини од КОВАКС механизмот – ММС
ММС

Објавено на: 03/25/21 10:02 AM

Во Сараево денеска стигнуваат првите вакцини од КОВАКС механизмот

На аеродромот во Сараево пред 11 часот се очекува да пристигнат 23.400 БиоНТех / Фајзер вакцини, а вечер уште 26.400 АстраЗенека вакцини.

Тоа се првите контингенти вакцини од механизмот КОВАКС. Босна и Херцеговина нарача 1,2 милиони дози преку КОВАКС механизмот и треба да добие уште 892.000 дози вакцини од Европската Унија.

Министерот за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ, претходно објави дека ќе има уште две пратки: Босна и Херцеговина ќе добие 36.000 дози вакцина АстраЗенека на 29 март, и уште 76.000 дози на истиот производител на 22 април.

Босна, како и Македонија доцни со имунизацијата, бидејќи земјата досега има добиено само мала количина вакцини, и тоа донација од Србија. Донација најавија и Словенија, Турција и Кина.