НФЛ ќе заработи 105 милијарди долари од ТВ права – ММС
ММС

Објавено на: 03/25/21 9:25 AM

НФЛ ќе заработи 105 милијарди долари од ТВ права

За најголемиот дел од европската спортска публика американскиот фудбал спакуван во НФЛ лига е неинтересен за гледање. Но, Американците се здрвени пред малите екрани и не испуштаат ниту еден од натпреварите и затоа ТВ правата за пренос на НФЛ рушат финансиски рекорди.

Американските медиуми објавија дека НФЛ од 2023 до 2033 година на име на права од ТВ канали и дигитални платформи ќе инкасира 105 милијарди долари!

Споредено со досегашниот договор за ТВ права кој истекува за две години, сумата ќе биде зголемена за 108 проценти од 43,1 милијарда долари на 89,5 милијарди долари додека стриминг преку Амазон за спомнатите десет години ќе ја дополни касата на НФЛ до 105 милијарди.

Оваа сума е поголема отколку што е бруто националниот произовд на речиси три четвртини од земјите во светот. Но, на телевизиите ова и тоа како ќе им се исплати.

Меѓу 100 најгледани емисии на американските телевизии во 2020 година дури 71 била со потписот на НФЛ продукцијата, додека ТВ станиците само од реклами емитувани за време на фудбалските натпревари оствариле приход од околу четири милијарди долари.

Во текот на последните неколку сезони разликата во гледаност на НФЛ со останатите емисии од забавен карактер само се зголемуваше, па просечната гледност на ланскиот Sunday Night Football на NBC изнесуваше 6,34 милиони возрасни луѓе од 18 до 49 години додека останатите содржини меѓу кои се и реалните шоуа ги гледаат помалку од 800.000 гледачи.

На ТВ Фокс гледачите на неделните мечеви од НФЛ потрошиле 52% од времето вкупно поминато пред екраните во 2020. Вкупната гледаност на НФЛ програмите на сите канали на најголемиот спортски канал ESPN беше 13 посто.

извор: mozzartsport.com

фото: ctvnews.ca