Пејачот и неговата сопруга повеќе од дваесет години уживаат во складен брак, а нивниот свет го надополнуваат ќерките Лола и Мила.
Кога ги читате знаците покрај патот, вашиот живот често може да биде поплочен со среќа и задоволство. Таков бил случајот со љубовта на Сергеј Четковиќ и неговата сопруга Кристина. Се знаеле од деца и биле судени еден за друг. И така повеќе од дваесет години уживаат во убавините на бракот, а нивните две ќерки Лола и Мила го надополнија волшебниот свет каде што насмевката, почитувањет и љубовта го красат ова семејство. Се венчале во 1999 година, а во 2012 ја посвоиле првата ќерка, а набрзо и втората.
-Каде и да ја сретнев Кристина, од некој чуден, за мене тогаш необјаснива причина, би бил необично среќем. Сега знам дека е тоа и тогаш, како и сега, љубов. Во животот не постојат случајности, само мораш да научиш да гледаш со срце и внимателно да ги читаш знаците покрај патот, рекол порано Сергеј Четковиќ за Стори, зборувајќи за тоа како почнала нивната љубов.
Пејачот се труди својот приватен живот да го сочува од очите на јавноста, но во некои интервјуа сепак зборува за тоа колку му значи поддршката од сопругата.
-Среќен сум што имам жена која ја сакам и која ме сака. Важно е да се биде свесен за таа љубов и да знаеш што сакаш во животот, а јас сакам мир, љубов, семејство, стабилност, доверба и искреност. Не сакам лаги, интерес и математика во својот живот. Не сакам да глумам нешто што не чувствувам, ниту умеам да глумам љубов на сила. Многу сум емотивен и на се реагирам со срце. Кај Кристина најмногу ценам што е искрена и директна, кај неа нема лажни ветувања.Кристина е мој одраз и јас нејзин. Еден на друг сме и сидро и ветер во едрото, рекол Четковиќ.
Во интервју за магазинот Стори Сергеј и Кристина за прв пат зборувале за тоа колку им се променил животот од кога посвоиле две девојчиња.
-Животот пред децата беше период во кој се обидувавме да добиеме деца и тогаш си бевме најголема поддршка еден на друг. Нашата комплетна љубовна прикана беше заокружена кога Лола и Мила дојдоа во нашиот живот. Преку мојот јавен настап се обидувам да го промовирам овој култ кон семејството, бидејќи ми се чини дека тоа е основа за силен, темелен и здрав живот, рекол Сергеј за Стори.
-Не зборувавме за тоа до сега јавно бидејќи не сакаме да ги наметнуваме нашите ставови на другите, а има многу луѓе кои тоа просто не го разбираат. Кај нас немаше некои големи препреки. Никогаш ништо не сме правеле со врски. И денеска кога чекам ред, уредно и со трпение чекам, не дозволувам некој да ме пушти или да ми отстапи место бидејќи и јас сум човек од крв и месо- како и сите така и мене. Чекавме ред како и сите парови кои сакаа да станат родители. И помина навистина брзо.За жал, процентот на посвоени деца во Црна Гора, иако тоа во псоледните дваесет години се смени, е многу мал. Слична е ситуацијата и со целиот регион, бидејќи сите сме имаме ист менталитет и размислувања и донекаде примитивизам.
Велат дека за се во животот треба да имате среќа, а најмногу да ја пронајдеш вистинската личност, сродна душа со која ќе го поминеш животот. Таа среќа е суштина, истакна пејачот, додека неговата сопруга смета дека суштината е во љубовта.
-Ако ја има, тогаш се е лесно и секоја препрека може да се совлада, кратко објаснува Кристина.
-И ние сме имале тешки моменти, како и сите парови, но нам љубовта никогаш не ни фалела. Горд сум на љубовта и бракот со Кристина и на семејството какво што го створивме. Едни други сакаме да се изненадиме, а нашите ќерки се наши сојузници во тие тајни планови, истакнал за Стори, Четковиќ.
Извор: Блиц.рс