Ропството таму е реалност, иако е забрането со закон – чуваат стока и работат тешка работа без плата – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/21 6:50 PM

Ропството таму е реалност, иако е забрането со закон – чуваат стока и работат тешка работа без плата

Ропството во Нигерија официјално е укинато во 1960 година, а во 2003 година станало и казниво, но очигледно ниту санкциите не помагаат.

Некои луѓе во Нигер 9една од државите во Нигерија) се уште живеат во ропство. Присилени се цел живот да работат за својот газда – без плата. Во главно се работи за земјоделски работници, но работат и како домашни слуги. Има и од оние кои се помириле со тоа.

Иде Хамиду станал роб како дете и тоа затоа што ропството се „наследува“ низ генерациите. Чувал стока и понекогаш работел на нива, без никаков паричен надоместок, пишува Дојче Веле.

-Ропството овде е реалност, родени сме во него. Малку се оддалечивме од Зарма народот, но се уште владеат над нас – раскажал тој, и додал дека „неговото време дошло, но кај децата околу него, заслужуваат подобра иднина“.

Таа етничка група ја сочинуваатповеќето маликијско-сунитски муслимани во Нигер. Тие живеат во пустински подрачја во зоната Сахела. Ропството, за  жал, во 21 век уште е длабоко вкоренето во нигериското општество, и не е врзано само за руралните средини, туку и во урбаните.

Најмногу го практикуваат Туарези, но меѓу нив има и од оние кои се борат против ропството.Некои успеваат да побегнат од своите газди, а излез наоѓаат во едно изолирано село. Таму има социјални институции.

-Мораме да им помогнеме со ови и кокошки. На секоја жена и даваме по три животни, кои им овозможуваат да бидат финансиски независни, истакнал Али Бузу, активист од Африка.

Снабдувањето со храна и домашни животни може да биде проблем на подолг период. Поради тоа Бузу се бори со ова да им помогне со пристап до земјиште и обработливо земјште, би можеле да работат и сами да се прехранат.

Извор: Бизнис.телеграф.рс

Фото: Shutterstock