Сеп Блатер, кажи му збогум на фудбалот: Екс-претседателот на ФИФА доби суспензија од шест години – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/21 3:57 PM

Сеп Блатер, кажи му збогум на фудбалот: Екс-претседателот на ФИФА доби суспензија од шест години

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, заработи суспензија од шест години и осум месеци поради финансиски малверазции, која ќе го оконча присуството во фудбалот на контроверзниот Швајцарец.

Етичкиот комитет на ФИФА денес ја соопшти оваа одлука, а покрај Блатер истата судбина ќе ја доживее и поранешниот генерален секретар, Џером Валке. Двајцата во рок од еден месец ќе мора да платат казна од 780.000 фунти, односно еден милион швајцарски франци.

Нивната суспензија ќе стапи на сила во истиот момент кога ќе им истече старата. Казната на Блатер истекува во октомври годинава, додека пак казнат на Валке истекува во 2025 година.

-Истрагата на господинот Блатер и господинот Валке откри различни прекршувања, поточно во однос на организации на ФИФА кои потплаќале официјални членови на врвот на ФИФА, продолжувања на договори на вработени, користење на финансиски средства за приватни цели, како во случајот на господинот Валке, стоеше во соопштението на ФИФА:

Сеп Блатер беше поврзуван и со скандалот со Светското првенство во Катар 2021, каде што се наведуваше дека високи челници на арапската држава ја подмитиле ФИФА со цел добивање на домаќинството на Мундијалот.

 

 

 

 

Фото:

dailysabah.com