На Шар Планина и натаму ќе се градат хидроцентрали – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/21 2:01 PM

На Шар Планина и натаму ќе се градат хидроцентрали

На Шар Планина и натаму ќе се градат хидроцентрали, за кои веќе се дадени дозволи за градба, иако Министерот за животна средина и просторно планирање Нуредини, објави дека Шара ја става под привремена заштита, се додека не се прогласи ова подрачје за Национален парк.

Од Министерството за животна средина, додаваат дека повеќе нема да се даваат нови дозволи како и концесии, но изградбата на хидроцентралите нема да може да се запре, затоа што за нив веќе се дадени дозволи.

Од еколошките организации, истакнаа дека е бадијала Шара да биде под привремена заштита, ако претходно се дадени концесии за над 30 хидроцентрали. Обвинуваат дека луѓе од власта сами на себе си издавале концесии.

Инаку на Шара 11 хидроцентрали се веќе во функција, 9 се во фаза на изградба, а за уште 5 се дадени концесии во најзаштитениот појас.

Зоран Димовски