Трговците стравуваат дали ова сезона ќе ги исполнат предвидените договори за извоз на зеленчук од струмичко со оглед дека имаат информации од теренот дека се намалени површините под пролетна зелка, домати и краставици. Вака сметаат дел од трговците кои од година во година бележат намалување на извозните пратки за пазарите од пораншена југославаија но и во западноевропсктие пазари. Блажо Витанов вели дека само кај пролетната зелка има намалување на површините за 10 до 15 отсто.
Деновиве почна откупот на пролетната зелка. Дневно се откупуваат околу стоттина тони и се извезуваат пред се на пазарите во поранешна Југославија
Заради немањето сигурен откуп и цени кои ги покриваат производствените трошоци во струмичко од година во година се намалуваат површините под ран зеленчук. Последниве години раст бележи производството на градинарски култури како црвената пиперка за кое се склучуваат договори и постои интерес од преработуачките капацитет.
Ване Трајков