Соиграчот на Џани Алиоски позитивен на Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/21 12:30 PM

Соиграчот на Џани Алиоски позитивен на Ковид-19

Соиграчот на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, полскиот интернационалец Матеуж Клих, позитивен е на Ковид-19, објави Фудбалската федерација на Полска.

Триесетгодишниот фудбалер од средината на теренот и главен изведувач на удари од 11 метри за екипата на Марсело Биелса, нема да патува и да биде дел од составот на Полска на стартот на квалификациониот циклус поради мерките и протоколите за изолација.

На почетокот на оваа седмица, Премиер Лигата соопшти дека на последната рунда на тестирања за коронавирус, само двајца членови од 20 клубови биле позитивни на ПЦР тестот.

Во 25 настапи сезонава, Клих за Лидс има постигнато два гола и пет асистенции.

Фото:

talksport.com