Со оценка дека се интензивира самопопишувањето на македонската дијаспора денеска излезе Државниот завод за статистика (ДЗС). Во еден ден се попишале 7102 македонски државјани.
-Се надеваме дека ова темпо на попишување ќе продолжи сè до крајот на Попис2021, на 21 април.Ги покануваме сите наши иселеници да ја искористат можноста и да одговорат на прашањата во апликацијата. За сите нејаснотии во врска со методологијата на попишувањето или какви било технички проблеми, Државниот завод за статистика им стои на располагање со отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk, соопштува ДЗС.
И покрај повиците на опозицијатѕа за одложување на Пописот, власта останува на ставот дека оваа статистичка операција треба да се одржи во предвиденото време од први до 15 април.